1. # vimeo.com/37889145 Uploaded 108 Plays 0 Comments
  2. Отворете го овој линк:
    http://www.facebook.com/notes/anima-mundi-здружение-за-заштита-на-животни/стоп-за-повторната-хајка-по-бездомните-кучиња-ве-молиме-препратете-ја-оваа-реакц/315049271884651
    ...прочитајте го текстот и погледнете ги коментарите и видеата.

    ЛУЃЕ, ОТВОРЕТЕ ГИ ОЧИТЕ, ОТВОРЕТЕ ГИ ПОРТИТЕ...НА ВАШЕТО СРЦЕ И ДУША !

    ...СПОДЕЛЕТЕ...РЕАГИРАЈТЕ !!

    Погледнете го прилогот и слушнете ги кажаните невистини на Вестите на ТВ Сител, кои стимулираат страв, параноја и агресија по бездомните кучиња.
    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mesechno-po-40-gragjani-kasnati-od-kuche-zavrshuvaat-vo-bolnica
    Нашите аргументи и докази се во прилогот на оваа реакција. Ве молиме да го препратите до посочените адреси -тв Сител, останатите медиуми, Влада на РМ и секаде каде може да има влијание. Ви благодариме.


    Предмет: РЕАКЦИЈА ПОВОД ПОВТОРНАТА МАНИПУЛАЦИЈА СО ГРАЃАНИТЕ И ХАЈКА ВРЗ БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА

    Почитувани,

    Остро го осудуваме шпекулативниот прилог за бездомните кучиња, пласиран во вестите на Сител.

    Сител телевизија има должност кон своите гледачи да прикаже на што се темели ваквото нивно мислење за наводната агресија на бездомните кучиња и наводните гризнувања .

    Тврдењето на Сител за четириесет нападнати луѓе од бездомни кучиња е лага и опасна дезинформација, за која бараме да се приложи доказ. Сител со ваквото нафрлање на паушални податоци, не придонесува кон целисходно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња, туку само создава омраза кон истите и непотребно лажно ги карактеризира како опасни градски штетници, а со тоа непотребно ги наведува граѓаните на страв и одбивност кон кучињата, наместо спротивно на тоа, да повикуваат на граѓанска акција на одговорност , згрижување, толеранција, вдомување и стерилизација и кастрација на милениците и други соодветни активности кои ќе ја подигаат граѓанската свест за овој градски проблем.


    Каснувањето на шинтерот од страна на куче кое го заловувал, во прилогот на Сител е прикажано и апострофирано како сензација. Ние сакаме да ве потсетиме дека таквото каснуваење од заловувано куче, е нормален и вообичаен ризик во работата на заловувачите. ..Тоа е отприлика исто како да направите прилог за долгогодишен работник во топилница, кој на работното место си ја изгорел раката.



    ЛАГА е и проценката од постоење 7 000 кучиња во главниот град – таа бројка само го покажува анимозитетот и параноидноста на авторот на самиот прилог (во однос на кучињата), затоа што е извадена од ракав. Ако не е така, пласирана е и кажана како по нечија нарачка, со цел да предизвика страв и став „дајте веќе еднаш, да се елиминираат“. Бидејќи е лажна, сакаме да Ви ја корегираме ..

    Посочуваме извор проверлив и точен , последната студија и анализа на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведена заедно со Светската организација за заштита на животните, каде се потврдува фактот дека во СКОПЈЕ има 2 442 кучиња (интервал на сигурност 95%).


    БАРАМЕ да го објавите нашиот демант на таквата информација , бројката која ја зголемивте за некаде 5 000 кучиња – го сторивте тоа во ударен термин, на вестите на Сител. И го должите тоа на вистината, на Вашите гледачи и доколку држите до новинарски професионализам. ДОКОЛКУ ПАК Е ТОЧНА ВАШАТА ИНФОРМАЦИЈА , ДЕКА НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ ИМА ОКОЛУ 7 000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА, ТАА Е ПОКАЗАТЕЛ ЗА НЕУСПЕХ НА ПРОГРАМАТА НА ГРАД СКОПЈЕ, ПРИ ШТО ДО СЕГА СЕ УБИЕНИ НАД 10 000 КУЧИЊА, И ПОРОШЕНИ ЕНОРМНИ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ. Па ги повикуваме да објаснат, што всушност до сега правеле!

    Доста е веќе од ваквите дехуманизирачки пораки кои ги добиваме преку Вашиот сервис, во однос на животните. Кому ли Вие се обраќате и какви вредности пласирате?
    Имате ли претстава дека официјално 89% од граѓаните се ПРОТИВ убивање на животните (исто располагамеофицијален податок) и дека СЕКОЕ ТРЕТО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО рани бездомно куче!


    Па секаде во светот хуманоста е на цена, треба да се стимулира , а не бруталноста и примитивизмот. Во ситуации како вакви, кога станува збор за живо битие, ние мораме да бидеме солидарни, трпеливи и да манипулираме со хумани методи , а не да даваме простор за свирепи методи.

    И ќе ви одговориме наместо граѓаните (кои ги декларирате како наводно загрижените љубители на животни) – овој проблем директно тие, го третираат со средства од свој џеп. Прочитајте убаво уште еднаш - не се виновни љубителите на бездомните кучиња, што има кучиња по улица, и треба Градот да им биде благодарен што најчесто тие ги стерилизираат, вакцинираат и лекуваат бездомните кучиња, на сопствен трошок.. да го правеа истото и надлежните, во Скопје одамна проблемот ќе беше решен.
    Градот има буџет, да го третира овој проблем, но нема пристап и соодветна стратегија. Ова е само неуспех на Градот и ЈП Комунална Хигиена што повторно, и во 2012 година ние дискутираме не оваа тема - да беше успешно градското работење и работењето на ЈП Комунална хигиена, овој проблем ќе беше решен.


    Бараме конечно да запре ваквата хистерија, на сметка на здравиот разум и хуманост.

    Со почит,
    (име и презиме)

    to: sitel@unet.com.mk, sitelvesti@on.net.mk,

    РЕАГИРАЈТЕ И НА ПОРТАЛИТЕ НА ВЛАДА НА Р.М., ПРЕПРАКАЈТЕ ГО ПИСМОТО СЕКАДЕ КАДЕ ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА МОЖЕ ДА ИМА ВЛИЈАНИЕ. ДОСТА БЕА 5 ГОДИНИ ЛИНЧ ВРЗ БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА !!!

    http://www.facebook.com/VladaMK?sk=wall
    http://vlada.mk/kontakt
    http://vlada.mk/node/23
    http://www.facebook.com/NGruevski?sk=wall

    ОСТАНАТИ МЕЈЛ АДРЕСИ: info@mzsv.gov.mk, dterzievski@fva.gov.mk, druntevski@veterina.gov.mk, gradonacalnik@skopje.gov.mk, druntevski@fva.gov.mk, anima.mundi.sk.mk@gmail.com, telma@telma.com.mk, cityradio@cityradio.com.mk, info@forum.com.mk, contact@sutel.com.mk, kanal77@kanal77.com.mk, ereporter@ereporter.com.mk, fokuspress@yahoo.com, koha@koha.com.mk, radio@bubamara.com.mk, vreme@vreme.com.mk, vesnik@utrinski.com.mk, nm@novamakedonija.com.mk, skynet@euronet.com.mk, vesti@alfatv.com.mk, kontaktna@alfatv.com.mk, dnevnik@dnevnik.com.mk, desk@kanal5.com.mk, kirilica@kirilica.com.mk, info@radioravel.com.mk, vecer@vecer.com.mk, liferadio89.1@gmail.com, marketing@radiofortuna.com.mk, kiss@kiss.com.mk, contact@kanal103.com.mk, desk@24vesti.mk, skynet@skynet.com.mk, info@tv-sonce.com, marketing@telma.com.mk, mia@mia.com.mk, contact@mnogoomedia.com, aktuel@unet.com.mk, teapublic@teamoderna.com.mk, redakcija@teamoderna.com.mk, zena@unet.com.mk, taakom@unet.com.mk, porta3@mt.net.mk, mic@mt.net.mk, contact@micnews.com.mk, info@mt.net.mk, mkrtvcor@mt.net.mk, sitel@unet.com.mk, mail@antenna5.com.mk, kuzmanb@yahoo.com, dionisn@yahoo.com, radiotv@mt.net.mk, radiofortuna@hotmail.com, tvmtm@dasto.com, tvsutel@unet.com.mk, tvera@era.com.mk, tvmedi@mail.com.mk, jasmina.golubovska@mnogoomedia.com, damjan.nikolovski@hotmail.com, info@kanal5.com.mk, klincarova@yahoo.com, zvasilevski@yahoo.com, contact@kajgana.com, info@kurir.mk, zdravomakedonijo@kanal5.com.mk

    # vimeo.com/37425455 Uploaded 130 Plays 0 Comments

"Абре Македонче..." - ДО КОГА ВАКА !!??!?

Soul2Soul

Browse This Channel

Shout Box

Heads up: the shoutbox will be retiring soon. It’s tired of working, and can’t wait to relax. You can still send a message to the channel owner, though!

Channels are a simple, beautiful way to showcase and watch videos. Browse more Channels.